Официјално: Пандев уште една година во дресот на Џенова

И играчите на Наполи се смееја на судиската одлука/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

38-годишниот македонски фудбалер Горан Пандев одлучи да ја продолжи соработката со калчолигашот Џенова, тоа го потврди денеска неговиот клуб.

Нашиот поранешен репрезентативец потпиша нов договор со Џенова и истиот ќе трае до 30 јуни 2022 година.

Еве како изгледа статистиката на „Гранде“ Пандев во италијанската Серија А, 156 настапи за Џенова со вкупно 28 голови настапувајќи од сезоната 2015/2016.

Севкупно во најсилниот италијански шампионат има 473 настапи и 101 погодок.

Тој е третиот странец по бројот на настапи во историјата на Серија А и еден од петмината моментно во Серија А кој постигнал барем 100 голови во натпреварувањето.

Видео на денот