Официјално: Ова е моментално најгледаната серија во целиот свет

Фото: Принтскрин - Твитер

„Manifest“ е нова хит серија која по првичниот неуспех прерасна во најгледаната серија на Нетфликс во светот. Серијата првпат се емитуваше во 2018 година на „NBC“, а приказната започнува со група странци кои завршуваат на истиот лет од Јамајка до Њујорк.


Авионот мистериозно слетал пет години по полетувањето, а патниците се претпоставувале дека се мртви. Додека се обидуваат да се реинтегрираат во општеството, патниците доживуваат чудни феномени, како што се визии за иднината и други бизарни работи.

По третата сезона, „NBC“ сепак ја откажа серијата, а потоа Нетфликс ја презема во обид да го спаси денот и да не ги разочара фановите.

Моментално е најгледаната серија во светот

Оваа недела на официјалниот Твитер профил на серијата беше потврдено дека го достигна првото место на глобално ниво: „Официјално е: Манифест е серија број еден на Нетфликс ширум светот со повеќе од 57 милиони часови емитување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот