Официјално: Новак Ѓоковиќ се враќа на турнирот каде Рафа Надал е неприкосновен

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Мастерсот во Монте Карло, соопштија организаторите на турнирот.

На турнирот ќе настапи и светскиот рекет број еден Карлос Алкараз, а потоа следуваат Стефанос Циципас, Каспер Руд, Тејлор Фриц, Данил Медведев, Андреј Рубљов, Холгер Руне и Феликс Оже-Алијасим.

Рафаел Надал ќе се обиде да ја освои својата 12 титула на овој турнир, додека Циципас ќе ја брани титулата од минатата година.

За Ѓоковиќ ова ќе биде 16 учество во Монте Карло каде има учинок 35-13 и кој го освои во 2013 и 2015 година.

Ноле минатата година беше елиминиран во второто коло во Монте Карло, а сега ќе има можност за нови бодови, кои ќе му значат во борбата за врвот на АТП листата.

Виландер: Ѓоковиќ освојува уште два до пет Грен слем титули – постои само еден услов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот