Официјално: Најдобриот стрелец Мирчевски го реализираше трансферот во Србија

Мартин Мирчевски ќе ги брани боите на српскиот фудбалски клуб ТСЦ Бачка Топола/Фото: facebook.com/fktsc

Мартин Мирчевски, кој на 11 февруари ќе наполни 25 години, направи нов трансфер во странство, односно ќе ги брани боите на ТСЦ Бачка Топола со договор на три години.

Моментно овој клуб настапува во најсилното српско првенство каде што моментно после 21 коло е на 10 позиција со 26 бодови, далеку зад водечките Партизан (59) и Црвена звезда (54).

Македонскиот крилен напаѓач е трето засилување за ТСЦ во зимскиот преоден рок.

Мирчевски во есенскиот дел од нашата Прва лига настапуваше за Академија Пандев, постигна 16 голови и е убедливо прв на листата најдобри стрелци.

Овој играч претходно беше дел уште од Вардар, Беласица, КФ Трепча 89 од Косово, Победа Прилеп и Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот