Официјално: Марсијал на позајмица во Севиља

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Францускиот напаѓач одлучи како позајмен играч од редовите на Манчестер јунајтед до крајот на сезоната да ги брани боите на Севиља.

Андалузијците за Ентони Марсијал им платија на „црвените ѓаволи“ меѓу шест и седум милиони евра за шестмесечна позајмица, во која не е вклучена можноста за откуп на договорот во летниот период.

Тоа значи дека 26-годишниот играч ќе се врати на „Олд Трафорд“, бидејќи има важечки договор со клубот до 2024 година, а потоа ќе биде донесена одлука за неговата понатамошна кариера. Веќе подолго време се шпекулираше дека Марсијал би можел да го напушти Јунајтед, незадоволен од статусот во тимот.

Сезонава собра вкупно 359 минути на теренот и постигна само еден гол што е далеку под очекувањата. Поради тоа, тој на крајот сакаше да ја напушти Англија и да се пресели во Севиља.

Францускиот репрезентативец е член на премиерлигашкиот гигант од 2015 година кога пристигна од Монако за 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот