Официјално: Македонскиот репрезентативец Радески потпиша за Шкупи

Фото: fcshkupi.com

Шкупи продолжува со летните засилувања во пресрет на новата сезона, а денеска е промовира македонскиот репрезентативец Марјан Радески.

Овој трансфер се реализира после високиот пораз од 0:3 во Скопје од Санта Клара во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, па сега играчите на Гоце Седлоски ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата на реваншот во Португалија.

26-годишниот напаѓач Радески беше во составот за настап на Европското првенство со нашата А селекција.

Во 256 натпревари во својата професионална кариера постигнал досега вкупно 61 гол и запишал 21 асистенција.

Од клубот велат дека Радески потпиша договор на две години и ќе биде во тимот за возвратната пресметка со Санта Клара на 29 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот