Официјално: Луис Енрике си замина, Шпанија има нов селектор!

Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Луис Енрике и официјално повеќе не е селектор на Шпанија, а веќе е познат и новиот селектор на „Црвената Фурија“.

Еден час по официјалната разделба, нов селектор на Шпанија е Луис Дела Фуенте. Станува збор за човекот кој досега ја водеше младата репрезентација на Шпанија до 21 година. Претходно работеше и во младинските категории до 19 и 23 години.

Во федерацијата Де Ла Фуенте е од 2013 година. За него ова ќе биде најсериозен ангажман во кариерата затоа што претходно во кариерата работеше во нисколигашие Португалете и Аурера, како и во Б-тимот на Атлетик Билбао и Алавес.

Луис Енрике селектор на Шпанија беше од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот