Официјално: ЛА Лејкерс го отпуштија тренерот Вогел

Необезбедувањето пласман во плеј-офот во НБА лигата, го чинеше френк Вогел отказ во ЛА Лејкерс/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Управата на Лос Анџелес Лејкерс по завршување на регуларниот дел од сезоната во која „езерцата“ не успеаја да обезбедат пласман во плеј-офот, го отпушти тренерот Френк Вогел.

Оваа вест прв ја објави најпознатиот НБА новинар Адријан Војнаровски, кој ретко греши кога станува збор за вестите поврзани со најквалитетната кошаркарска лига.

Лејкерси иако пред почетокот на сезоната важеа за главен фаворит за титулата, регуларниот дел од сезоната го завршија со скор 33-49 и го освоија 11 место во Западната конференција, со што не успеаја да влезат ниту во плеј-ин турнирот за пласман во плеј-офот. Овој резултат претставува големо разочарување за фановите на Лејкерси бидејќи во тимот сезонава имаа четири супер ѕвезди: Леброн Џејмс, Ентони Дејвид, Расел Вестбрук и Кармело Ентони.

Цехот за неуспехот го плати Вогел кој во 2020 година со Лејкерс ја освои шампионската титула, но во последните две сезони немаше забележителни резултати, минатата сезона испаднаа во првата рунда во плеј-офот, а сезонава не ни влегоа во него.

Покрај ЛА Лејкерс, Френк Вогел во кариерата ги има предводено и екипите на Индијана пејсерс и Орландо меџик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот