Официјално: Куман не е повеќе тренер на Барселона

Барселона го отпушти Холанѓанецот во ноември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

После поразот во најквалитетната шпанска фудбалска лига од Рајо Ваљекано, Барселона донесе одлука да се раздели со својот досегашен тренер Роналд Куман кој ќе се збогува со играчите в четврток.

Во својот последен меч на клупата на каталонскиот гигант, холандскиот стратег загуби од Рајо Ваљекано со 1:0, стрелец на голот беше Фалкао, а голем придонес имаше и македонскиот репрезентативен голман Димитриевски кој го одбрани пеналот на Депај.

Претседателот на клубот од „Камп Ноу“, Жоан Лапорта сега ќе има за задача да бара нов тренер во следниот период. Барса со Куман оваа сезона забележа пет победи, исто толку порази и три нерешени на 13 мечеви.

Моментно екипата е дури на деветтото место со 15 бодови од 10 кола во шампионатот, заостанува шест зад водечкиот Реал Мадрид од кој загуби минатиот викенд на домашен терен.

Покрај тоа, Каталонците загубија и два од трите досегашни средби во Лигата на шампионите. Куман го водеше тимот од август 2020 година, а на 67 средби забележа севкупно 40 победи, 16 порази и 11 натпревари завршија реми.

По доаѓањето во Барселона го „избрка“ Луис Суарез, а успеа да освои само еден трофеј, Кралскиот куп во минатата сезона. Во меѓувреме од клубот си замина и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот