Официјално: Крај на ерата на Абрамович, Челси има нов сопственик

Тод Боли е новиот сопственик на Челси/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фудбалскиот клуб Челзи е официјално продаден и повеќе не е во рацете на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Нов сопственик е американскиот милијардер Тод Боли, кој е сопственик на безбол клубот Лос Анџелес Доџерс и е ко-сопственик на ЛА Лејкерс.

Конзорциумот „Клирејк капитал“ предводен од Боли, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис, ќе платат 4,5 милијарди долари и имаат обврска да инвестираат дополнителни 1,7 милијарди долари во Челси во што спаѓа и изградба на нов стадион или реновирање на „Стемфорд бриџ“ како во него, објавија медиумите.

– Челзи може да потврди дека е постигнат конечен договор за продажба на клубот на Тод Боли и „Клирлејк капитал“. Трансакцијата се очекува да биде комплетирана во понеделник. Клубот потоа ќе објави дополнителни информации – стои во соопштението што го објави Челси.

Богатството на Тод Боли се проценува на 4,5 милијарди долари.

Преземањето на клубот од страна на Боли, значи и крај на ерата на Роман Абрамович како сопственик на Челси. Во периодот од 2004 до 2022 година Челси освои 19 трофеи, од кои пет титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите.

Видео на денот