Официјално: Каземиро од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед

Каземиро со Реал Мадрид освои пет титули во Лигата на шампионите/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Манчестер јунајтед на својот клупски сајт објави дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансфер на Каземиро.

Како што се наведува во официјалното соопштение, останува да се договорат со Бразилецот околу личните услови, да ги помине лекарските прегледи и да добие британска виза.

Реал како надомест ќе добие 60 милиони фунти и уште 10 низ бонуси. Се очекува Каземиро со „црвените ѓаволи“ да потпише договор на четири години.

Каземиро во својата кариера има над 500 професионални натпревари, вклучувајќи 63 на меѓународно ниво за неговиот Бразил.

Во дресот на „кралскиот“ клуб успеа пет пати да ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата во 2019 година дојде до трофејот на „Копа Америка“. На клупски план ги бранеше уште боите на Сао Паоло и Порто (позајмица 2014-2015).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот