Официјално: Јошко Миленкоски е нов тренер на ПАОК

јошко миленкоски
Нов предизвик за Јошко Миленкоски во неговата тренерска кариера/oscg.me

Како што и самиот најавува, нова сезона, нов предизвик, поранешниот македонски селектор потврди дека ќе седне на клупата на грчкиот одбојкарски клуб.

Јошко Миленкоски ќе ја води екипата на ПАОК од Солун кој минатата сезона заврши како четвртопласиран во првенството.

ПАОК во својата клупска историја беше трипати шампион на Грција во 2015, 2016 и 2017 година.

– Многу сум среќен што ќе бидам во еден од најдобрите клубови во Грција, кој станува сè подобар од година во година. Истовремено, голема е честа да се биде член на ова големо семејство. Пред нас е една тешка сезона, нашата цел е да бидеме конкурентни и да се бориме за сите титули. Од моја страна ќе го дадам максимумот тоа да се реализира. Сакам мојот тим да игра одбојка што ќе ги направи навивачите среќни. Верувам дека со екипата која ќе ја изградиме, ќе ги оствариме целите – вели Миленкоски за клупскиот сајт.

Минатата година Миленкоски со грчкиот суперлигаш Финикас успеа да го освои трофејот во тамошниот Суперкуп по победата над шампионот Олимпијакос со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот