Официјално: Инфантино останува претседател на ФИФА до 2027 година

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Швајцарецот Џани Инфантино е реизбран до 2027 година за претседател на ФИФА, функција што ја извршува од 2016 година, без противкандидати и со акламација на 73 конгрес во Кигали, Руанда.

На овој Конгрес има и делегација на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Муамед Сејдини, заедно со генералниот секретар Филип Поповски и директорот на А репрезентацијата, Данчо Масев. Престојот во Кигали, претседателот Сејдини и нашите претставници го искористија за повеќе билатерални средби со претседателите на другите национални асоцијации.

Инфантино (52), кој ја доби поддршката од делегатите на 211 асоцијации членки, би можел да остане на чело на светскиот фудбал до 2031 година, иако статутот на ФИФА предвидува најмногу три четиригодишни мандати, но неговиот прв тригодишен мандат, кој започна во 2016 година, се смета за нецелосен.

Ве сакам сите“, реагираше шефот на светскиот фудбал пред присутните изборите, пред да го претстави финансискиот извештај во кој ФИФА покажува солидна финансиска рамнотежа, со пораст на приходите од 18 и 45 проценти во текот на циклусот 2019-22, во споредба со претходниот, што ѝ овозможува на ФИФА дополнително да ги зголеми субвенциите за конфедерациите и федерациите.

Главниот проект на Инфантино во следните неколку години ќе биде Светското првенство во 2026 година, чиј домаќин ќе бидат САД, Канада и Мексико, со зголемување на бројот на учесници од 32 на 48 репрезентации.

Со изборот на групна фаза со 12 групи од четири репрезентации, Мундијалот ќе скокне од 64 на дури 104 натпревари, што ќе ги зголемите приходите од билети и ќе привлече уште повеќе телевизиски куќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот