Официјално е потврдена причината за смртта на кралицата Елизабета Втора

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години. Уверението за смртта на кралицата вчера го објави Шкотскиот национален регистар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Елизабета Александра Мери Виндзор беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Кралицата почина од старост, објави BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Смртта на кралицата била објавена три часа подоцна.

Нов британски крал стана Чарлс, човекот кој најдолго го чекаше тронот во историјата на илјадагодишната монархија. Тој ја носи титулата Чарлс Трети.

„Во текот на својот живот, мојата сакана мајка беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство. Најискрениот долг, како и секое семејство на мајката, ѝ го должиме за нејзината љубов, наклонетост, водство и пример. Нејзината посветеност и лојалност како суверен никогаш не се поколеба, во време на промени и напредок, во време на радост и славење и во време на тага и загуба“, изјави Кралот Чарлс по смртта на кралицата.

Животот на кралицата Елизабета Втора: Како синооката Лилибет стана најмоќниот британски монарх?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот