Официјално: АТП донесе одлука, нема бодови на „Вимблдон“

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

АТП донесе одлука да ги одземе бодовите на грен слем турнирот „Вимблдон“, како одговор на санкционирањето на руските и белоруските тенисери.

Потсетување, „Вимблдон“ неодамна одлучи да го забрани настапот на руските и белоруските тенисери.

АТП поради тоа казни со одземање на бодовите, што значи дека бодовите не се сметаат, но финансиските награди остануваат на сила.

Организацијата вели дека дискриминацијата на поединечни турнири едноставно не е одржлива на турнеја што функционира во повеќе од 30 земји.

– Способноста на играчите од која било националност да учествуваат на турнири по заслуги и без дискриминација е од фундаментално значење за нашата турнеја. Одлуката на Вимблдон да им забрани на руските и белоруските играчи да се натпреваруваат во Велика Британија ова лето го поткопува овој принцип и интегритетот на системот за рангирање на АТП. Во отсуство на промена на околностите, со големо жалење и неподготвеност не гледаме друга опција освен да ги отстраниме бодовите од АТП ранг-листата од Вимблдон за 2022 година – беше официјално објавено од АТП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот