Официјално: Артета го продолжи договорот со Арсенал

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал, потврдија денеска од лондонскиот клуб.

Шпанецот официјално ќе остане на клупата на „топџиите“ до јуни 2025 година. Задоволен од досега сработеното е директорот на Арсенал, Еду.

– Многу сум среќен, возбуден и благодарен – рече Артета по потпишувањето на новиот договор.

Со еден млад и перспективен состав покажа дека има голем тренерски потенцијал, па ќе продолжи со процесот на враќање на Арсенал на старите патеки на славата.

Артета како играч пет сезони го носеше дресот на Арсенал, а по завршувањето на играчката кариера на Емирати во 2016 година се пресели во стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Тој стана менаџер на клубот од Лондон во декември 2019 година, а неговиот тим е четврти на четири кола пред крајот на првенството со два бода повеќе од Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот