Официјално: Алиоски на позајмица во Фенербахче

Ал Ахли го пушти Езџан Алиоски на позајмица во Фенербахче/Фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Денеска турскиот фудбалски гигант Фенербахче ја информираше јавноста дека како позајмица доаѓа Езџан Алиоски од редовите на Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец изминатиот период се поврзуваше со уште неколку турски клубови, како Трабзонспор и Бешикташ, на крајот се одлучи за Фенербахче.

Во вечерните часови се очекува Алиоски да пристигне во Истанбул да ги продолжи преговорите.

Според „Ас Марка“, нашиот играч за едногодишната позајмица ќе заработи 2,4 милиони евра.

Минатата сезона нашиот играч во дресот на Ал Ахли запиша вкупно шест голови и девет асистенции.

До сега за нашата А репрезентација има вкупно 60 настапи и 12 голови, а во клупската кариера беше дел и од Јанг Бојс У23, Шафхаузен, Лугано и Лидс јунајтед.

Минатата сезона Фенер во најсилното турско првенство заврши како второпласиран (зад шампионот Трабзонспор). Фенербахче летово беше елиминиран во второто квалификациско коло на ЛШ од Динамо Киев, и ќе продолжи во третото квалификациско коло на Лига Европа каде за противник го има Словачко од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот