Официјални состави: Милевски со Ристовски во нападот

Фудбалската репрезентација на Македонија во ноември ги продолжува квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави составот со кој Македонија ќе настапи на на „Рајнпарк“ стадионот во Бадуз против Лихтенштајн (20.45 ч.).

Селекторот Милевски се одлучи за офанзивна формација со Милан Ристовски во нападот, на крилните позиции ќе бидат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов. Стефан Спировски и Аријан Адемиа заедно со Елиф Елмас ќе бидат во средниот ред.

Одбраната ја сочинуваат Езџјан Алиоски, Дарко велковски, Кире Ристевски и Стефан Спировски, додека ја голот ќе биде стандардниот Столе Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот