Официјална Софија реагира: Русите провоцираат, ја избришаа Бугарија од картата на писменоста

Кирил и Методиј /Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во документарецот „Една вера, еден јазик“, прикажан на фестивал во Скопје месецов, се вели дека Македонија е колевката на словенската писменост

Бугарското Министерство за надворешни работи го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на сценаристката и режисерка Елена Мироненко, кој предизвика многу реакции од страна на Бугари на социјалните мрежи.

„Во врска со рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на сценаристката и режисерка Елена Мироненко, кој тврди дека светите браќа Кирил и Методиј и нивните следбеници немаат никаква врска со Бугарија, изјавуваме дека филмот не е научно издржан и историските периоди наведени во него се прикажани погрешно“, објави МНР на својата веб-страница.

„Поради заменетите или намерно испуштените фундаментални факти во филмот, потсетуваме дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Република Бугарија и Република Северна Македонија постигнаа договор за историски личности и настани во нашата заедничка историја: Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и други, одобрени од владите на двете земји. Се надеваме дека трети лица не се директно или индиректно инволвирани во вакви провокации, нема цел да создаваат поделби и дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви случаи, кои се спротивни на општоприфатените во светската историографија“, велат од бугарското Министерство. за надворешни работи“, велат од бугарското МНР.

Во филмот се тврди дека Македонија е родното место на словенската азбука, а браќата Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, која не е претставена како литературен и православен центар на Балканот во 9-10 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот