Официјален Берлин ја демантира Москва: Немаме ништо со случајот со Јутјуб

Јутјуб / Фото: Илустрација

Германската влада не беше вклучена во блокирање на каналот на руската државна телевизија РТ на германски јазик на Јутјуб, изјави денеска портпаролот на германската влада.

„Тоа е одлука на Јутјуб, врз основа на правилата создадени од Јутјуб, и не е мерка од германската влада или други официјални организации“, изјави за новинарите портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, пренесува Ројтерс.

Русија претходно се закани дека ќе го блокира Јутјуб откако каналите на германски јазик на РТ беа избришани од услугата поради наводна дезинформација за Ковид-19.

Официјална Москва исто така објави дека ја разгледува можноста за одмазда против германските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот