ОФ-ФЕСТ 2020: Солидна доза на умерен оптимизам

Тимот на Оф-фест со особено внимание ја следи новонастанатата несакана ситуација со коронавирусот, делејќи ја загриженоста на светската јавност за натамошниот развој на состојбите и сите предизвици со кои се соочуваме во нашите животи.

– Програмата на фестивалот, којашто заедно со вас ја оценивме како една од највозбудливите досега, ја обелоденивме пред појавата на пандемијата на нашето тло. Истовремено, ја подготвуваме и програмата на октомврискиот џез-фестивал. Со солидна доза на умерен оптимизам, се надеваме дека 19. издание на Оф-фест, планирано за 2-6 јуни, ќе го реализираме во предвидениот период. Но, сакаме да ве информираме дека, доколку тоа биде невозможно, имаме во план алтернативни термини во вториот дел од годината, известија од Оф-фест.

Фестивалскиот тим посочува дека сегашната самоизолација можете да ја освежите и да ја сочувате својата ментална и духовна кондиција со многу нешта, меѓу кои и со разнобојноста на нивната веб-страница (www.offest.com.mk), која нуди богати содржини: фотографии, биографии, видео-спотови, линкови и прекрасна музика.

– Танцувајте дома! Светот е убав – велат од Оф-фест.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 25, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот