Глобалната економија бележи невиден пад поради короната, но не и во САД и Кина

Кина се очекува да биде единствената земја во групата 20 најмоќни економии која ќе бележи раст годинава- за 1,8 проценти, наместо претходно предвидениот пад од 2,6 проценти.

 Глобалната економија се опоравува од падот предизвикан од епидемијата на новиот коронавирус побрзо отколку што се очекуваше пред само неколку месеци, благодарение на подобрените изгледи за Кина и САД, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Светската економија е на пат за пад од 4,5 проценти оваа година, што е сепак невиден пад во поновата историја, но помалку од првично предвидениот пад од 6,0 проценти во јуни, според ОЕЦД.

Под услов да нема неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19, глобалната економија следната година ќе порасне за 5,0 проценти, проценува организацијата со седиште во Париз, намалувајќи ја јунската проекција на раст од 5,2 проценти во 2021 година.

ОЕЦД прогнозираше дека оваа година американската економија ќе падне за 3,8 отсто, наместо падот од 7,3 проценти, како што беше претходно предвидено.

Кина се очекува да биде единствената земја во групата 20 најмоќни економии која ќе бележи раст годинава- за 1,8 проценти, наместо претходно предвидениот пад од 2,6 проценти.

Од друга страна, посилното разгорување на вирусот или построгите мерки за контрола може да ги намали предвидените нивоа за следната година за два до три процентни поени, предупредува ОЕЦД.

Во извештајот се забележува дека предвидувањата на ОЕЦД се засноваат на континуирана локализирани налети на епидемијата за што ќе бидат потребни локални активности, а не на национално ниво.

Исто така се претпоставува дека вакцината нема да биде широко достапна до крајот на следната година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот