Одржана втората комеморација во Редфорд, родниот крај на Џорџ Флојд

Фото: Принтскрин

Во Редфорд, во американската сојузна држава Северна Каролина, денеска се одржува втората комеморација за Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт за време на полициската операција во Минеаполис пред десетина дена предизвика протести низ САД.

Стотици граѓани стоеја во ред пред црквата во Редфорд, каде е изложен ковчегот со телото на Флојд, јави УСА Тудеј.

-Граѓаните влегуваа во црквата во групи од по 10 лица и беа замолени да носат заштитни маски, рече окружниот шериф Хуберт Петекин.

Долж патеката што води кон црквата граѓаните положија цвеќиња и оставија пораки, а една од нив беше: „Џорџ Флојд го ​​промени светот”.

Ова е втора комеморација на Флојд откако пред неколку дена се одржа меморијална служба и во во Минеаполис, местото каде тој почина.

Последната, трета комеморација, ќе се одржи во понеделник во Хјустон, каде Флојд порасна и го помина најголемиот дел од животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот