Одржана средба за Иницијативата за спас и обнова на спортската сала „Партизан“

Денеска се одржа редовна информативна средба во врска со Иницијативата за спас и обнова на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев информираше за идејниот проект кој локалната самоуправа го подготвува заедно со меѓународната невладина организација „Културно ехо“ и архитекти од странство, кои на волонтерска основа се приклучија кон иницијативата.

Примарната цел е општината да биде подготвена за обнова на салата, штом истата биде вратена во сопственост на локалната самоуправа. На средбата присуствуваа и советниците на Премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев и Даниел Димески, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Шпенд Хајредини.

Градоначалникот Богоев посочи дека општината ќе преземе активности и за проценка на статиката на спортскиот објект „Партизан“. Исто така, постои отворена можност, ревитализацијата на салата да биде финансиски поддржана и од Агенцијата за млади и спорт.

Во Иницијативата за спас и обнова на „Партизан“ учествуваат повеќе засегнати институции, граѓанскиот сектор и стручната јавност (архитекти).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот