Одржана генералната проба на свеченото отворање ЗОИ Пекинг 2022: Досега невиден спектакл

Церемонијата се планира да трае приближно 100 минути/Фото: EPA Alessandro Bella

Околу 4.000 учесници учествуваа на генералната проба за церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година на Националниот стадион во кинескиот главен град, познат како „Птичје гнездо“.

Игрите ќе бидат официјално отворени на 4 февруари. Организаторите ги наведоа студеното време и пандемијата за намалената должина на церемонијата, која се планира да трае приближно 100 минути.

Жанг Јиму уште еднаш е назначен за главен директор на церемонијата на отворање, откако беше одговорен за отворањето на Летните олимписки игри Пекинг 2008.

Тој најави дека претстојната церемонија ќе се разликува од онаа одржана пред 14 години, а олимпискиот оган ќе биде запален на досега невиден начин во историјата на олимписките игри.

Главниот извршен директор на Олимписките радиодифузни услуги, Јанис Егзархос, очекува церемонијата на отворање да биде „подеднакво импресивна како онаа во 2008 година“. Стадионот „Птичје гнездо“ е изграден за Летните олимписки игри 2008 година, а Пекинг ќе стане првиот град кој ќе биде домаќин на Летните и Зимските игри.

Околу 4.000 учесници беа дел од генералната проба на свеченото отвораање на ЗОИ во Пекинг/Фото: EPA Frank Robichon

На ЗОИ Пекинг 2022 година нема да можат да присуствуваат гледачи од странство поради загриженост од пандемијата, а билетите нема да бидат достапни за пошироката јавност во Кина. Наместо тоа, одредени групи ќе бидат поканети да присуствуваат на натпреварите.

Ставре Јада: Минимум забава, максимум тренинг е формулата за настап на Игрите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот