Одржан првиот Нептун куп за старт на пливачката сезона во Македонија

Викендов на базенот „Борис Трајковски“ во Карпош се одржа пливачкиот митинг Нептун куп кој го организираше ПК Нептун од Скопје, клубот кој лани беше прогласен за најдобар пливачки клуб во државата. На натпреварот учествуваа 33 клуба од Македонија, Србија, Косово и Албанија со вкупно 471 пливач.

Натпреварот се одржа со почитување на сите безбедносни мерки со цел заштита од коронавирусот.  Имајќи предвид дека безбедносните протоколи не дозволуваат влез на родители и публика на базенот, организаторот на натпреварот, на просторот пред базенот им обезбеди на заинтересираните да ги следат трките на голем видео бим.

За најуспешни пливачи во апсолутна категорија беа прогласени Станковиќ Страхиња од пливачкиот клуб Свети Никола од Србија и Миа Еминова Блажевска од пливачкиот клуб Орион од Македонија.

ПК Нептун се закити со 14 медали од кои 2 златни, 5 сребрени и 7 бронзени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот