Одржан прв интернационален тренинг со активисти за социјална и климатска правда

Young Friends of the Earth Macedonia го организираа нивниот ​прв интернационален тренинг со активисти за социјална и климатска правда​, заедно со младите од Кипар и Хрватска. Три-дневниот тренинг, од 14 до 16 јуни, се одржа во Колешино, Струмичко, на тема „​Работење со загрозени заедници од екстрактивни индустрии​“, каде се зборуваше повеќе за одземањето на земја, борбите со рударството на луѓето во овие земји, но и на глобално ниво.

Младите се запознаа со темите на ​интерсекционалност ​и ​системски пристап​, односно земање предвид за сите можни социјални или општествени категории и аспекти при нивната работа. На тренингот се зборуваше за корисни алатки за организирање и мобилизирање со загрозени заедници, како и зајакнување на локалните движења преку методологијата на стратешка литигација. Како работа со загрозени заедници, беа разработени вистински примери на работа со ромски заедници, покрај локално и на интернационално ниво, како едни од групите на граѓани кои консеквентно трпи социјална, еколошка и економска неправда.

Просторот на тренингот се наоѓаше на место со прекрасна природа кое е само неколку метри оддалечена од куќите на локалните жители, каде веќе една недела се одвиваат и археолошки ископувања и отпочнување на планираниот рудник за злато Иловица-Штука. Активистите кои веќе 3 години се во борба за нивниот живот и земја, го посетија тренингот и раскажаа повеќе за нивната ситуација. Оваа прилика, младите активисти ја искористија за да ги посетат и поддржат токму овие загрозени заедници во Иловица и Штука. Тие ја изразија нивната ​поддршка и солидарност за борбата против отворање на рудникот на смртта преку креативни песни и натписи како „Природа, Здравје, Заедница = Вистинско Злато“. Борбата за живот не се случува само во Македонија туку и на многу места ширум светот, како што и ни споделија учесниците од Кипар за слична борба со рудникот за злато Матиатис во нивната заедница.

Тренингот е организиран како дел од Европската мрежа Young Friends of the Earth Europe, финансиран од Европската унија и програмата Еразмус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот