Одржан онлајн состанок на дел од српската опозиција со европарламентарците: Слободни медиуми една од темите

Претставниците на српската опозицијата денеска остварија онлајн средба со претставниците на Европскиот парламент во рамки на подготовките за меѓупартискиот дијалог, јави додписникот на МИА од Белград.

На состанокот, присуствуваа лидерите на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас, Движењето на слободни граѓани Павле Грбовиќ, Заедно за Србија Небојша Зеленовиќ, Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, Движењето за промени Јанко Веселиновиќ и професор Ѓорѓе Павичевиќ.

Тоа се партиите и движењата што ја имаат усогласено нивната преговарачка платформа со властите, кои ќе се реализираат со посредство на ЕП.

По разговорите со европратениците кои траеја неколку часа, Ѓилас изјави дека тие се одвивале во конструктивна атмосфера и изрази надеж дека разговорите ќе продолжат во живо во јуни, кога делегацијата на ЕП ќе може да патува надвор од ЕУ, што сега не им беше дозволено поради пандемијата.

-Дијалогот се одвиваше во конструктивна атмосфера, групата партии кои ја сочинија својата платформа, а потоа се надополнија со друга платформа, денес го презентиравме сето тоа заедно, со конструктивни барања за тоа што мислиме дека треба да се промени, во медиумите пред се, а потоа за прашањето на притисоците врз гласачите, изјави Ѓилас.

Нивното барање било да се додели уште една бесплатна национална фреквенција што постои, на телевизија која професионално ќе ја врши својата работа .

Претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац кажа дека денешниот разговор меѓу опозициската група на партии и европратениците преку видео-врска за изборните услови бил консултативен со цел да се утврди агендата за тоа како да се добијат слободни медиуми во Србија во наредниот период, како и слободен изборен процес без притисоци врз граѓаните.

-Од разговорот разбрав дека целите што ги презентиравме не се спорни и дека за нив е важна нашата флексибилност во начинот на нивно остварување, кажа Лутовац по разговорите на групацијата собрана околу ДС и Партијата за слобода и правда.

После оваа групација, на разговори беа претседателите на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ и на Новата партија, Арис Мовсесијан.

Мовзесијан изјави дека „има три клучни работи за кои треба да се договорат” – слобода на медиуми, слобода на медиуми и слобода на медиуми. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот