ОДРОНИ НА ПАТОТ: Прилагодете ја брзината

Фото: Илустрација

Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Возачи кои сообраќаат на оваа релација, јавуваат дека одроните се наоѓаат на 100-150 метри пред таканаречениот „каменолом” во близина на местото „Драките”.

-Одроните се со средна големина и притоа се наоѓаат на десната коловозна лента. Местото каде се наоѓаат одроните се под голема карпа кај месноста „Драките”, која стравуваме дека поради врнежите може да создаде дополнителни непријатности. За своја лична сигурност за оние возачи од Делчево кои планираат да патуваат до поголемите градови и ја користат оваа патна мрежа, препорачуваме внимателно возење- раскажуваат возачи.
Од Македонија пат го потврдија случајот, при што истакнаа дека нивни екипи се на терен, со цел расчистување на одронот.
Во меѓувреме поради влажните коловози од АМСМ препорачуваат внимателно возење и внимавање на одроните кои во овој дел од државата најчесто ги има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот