Одрони на патот Гостивар-Маврови Анови го спречуваат нормалното одвивање на сообраќајот

Одрон на пат, илустрација / Фото: МИА

Одрони од камења и дрвја паднати на коловозот го попречија нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот патен правец Гостивар-Маврови Анови-Дебар.

Заради расчистување на материјалот утрово во неколку наврати имаше и застој. Во моментов возилата се пропуштаат наизменично.

Според првичните информации на службите кои работат на терен три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон Маврово на неколку места паднати се дрвја и има одрони од земја и камења. Утрово околу 11 часот екипи со механизација се излезени на терен и работат на нормализација на сообраќајот.

Зголемениот обем на сообраќајот причинува на моменти да се создаваат и колони, бидејќи возилата се пропуштаат наизменично од двете страни.

Од службите апелираат до патниците и возачите на трпение и внимателност, бидејќи врнежливото време дополнително го отежнува сообраќајот во овој дел од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот