Одрони и влажни коловози во дебарско – се препорачува внимателно возење

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион.

Поради одроните и влажниот коловоз, од дебарската секција на „Македонија пат” препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

-Има помали, но чести одрони од камен и земја. Нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување и сообраќајот се одвива без поголеми проблеми. Поради можноста од одрони, но и влажниот коловоз препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Вообичаено, најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади”, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми” на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста” на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато”, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот