Одреден триесетдневен притвор за насилната дадилка – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Одреден триесетдневен притвор за насилната дадилка

Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против П.Ж. (59) за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на дадилката која вчера тепаше 2-годишно дете во скопската населба Аеродром, дознава „Слободен печат“.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против П.Ж. (59) за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

По разгледување и ценење на предлогот и наводите на обвинетата, судија на претходна постапка увиде дека во однос на видот, карактерот и тежината на кривичното дело за кое се товари осомничената, висината на предвидената казна, податокот дека се работи за кривично дело против бракот и семејството како и личните прилики на обвинетата, постои оправданост дека осомничената може да се даде во бегство.

Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решение со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Осомничената на вчера (21 ноември), во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close