Одреден судијата за „Ел Класико“, во Барса се крајно незадоволни!

фото: твитер

Анкетите во Шпанија покажуваат дека Лахоз е најнеомилен судија во „Ла Лига“, бидејќи умее да досуди на штета на различни екипи, а симпатичен“ му е Реал.

Еден од неомилените арбитри во Шпанија ќе биде главниот актер на претстојното „Ел Класико“ кое е закажано за 1. март на „Сантјаго Бернабеу“.

Главен судија на новата пресметка помеѓу Реал Мадрид и Барселона е Матеу Лохаз за кој велат дека многу сака да биде во центарот на вниманието, без оглед дали за тоа има потреби или не.

Анкетите во Шпанија покажуваат дека е најнеомилен судија во „Ла Лига“, бидејќи умее да досуди на штета на различни екипи, а многу „му е симпатичен“ Реал Мадрид.

Лахоз досега на четири натпревари им има судено на двата најголеми клуба во светот, Реал Мадрид има две, Барса една победа, и една средба заврши нерешено.

Првпат им судеше во летото 2012 година во Мадрид каде што Реал славеше во Суперкупот на Шпанија со резултат 2:1, а Жозе Мурињо посебно го пофали Лахоз за одличната работа.

И во наредниот меч во финалето на Кралскиот куп во 2014 година Реал со 2:1 беше подобар на стадионот „Местаља“.

Барса славеше со 2:1 на „Камп Ноу“ во пролетта 2015, а реми заврши минатата сезона на истиот стадион (1:1) во полуфиналето на „Копа дел Реј“.

Во редовите на каталонскиот клуб се особено незадоволни со овој избор, Лахоз неретко донесуваше сомнителни одлуки против Барса, така на пример лани на дуелот против Севиља во две минути ги исклучи Араухо и Дембеле.

Новото традиционално „Ел Класико“ ќе се игра на 1. март на „Сантјаго Бернабеу“ со почеток од 21.00 часот.

Моментно на табелата во најсилното шпанско фудбалско првенство после 25 кола првопласирана е Барса со 55 бодови, два повеќе од „кралскиот“ клуб на второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот