Одом со лажен пенис до Олимписки игри

Двократниот шампион во НБА лигата со ЛА лејкерс, Ламар Одом освен по кошаркарскиот талент е познат и по скандалите во приватниот живот. Тој е поранешен сопруг на риалити ѕвездата Клое Кардашијан, а поради проблемите со дрогата редовно беше во центарот на вниманието. Пред три години се предозира и за малку ќе починеше.

Одом откако го заврши лекувањето од зависности од дрога, почна да пишува книга за бурниот живот. Тој пишува како успеал да помине на допинг тестот во пресрет на Олимписките игри во Атина 2004 година, кога имаше 25 години.

– Среќата дека сум помеѓу 12 кошаркари за Олимписки игри набрзо се претвори во нервоза кога ме известија дека морам да одам на тест за дрога. Ме повикаа од Кошаркарската федерација на САД и ми кажаа дека од ВАДА (Светска антидопинг асоцијација) ќе дојдат во мојата куќа. Немаше шанси да поминам на тестот бидејќи пушев марихуана секој ден. Ме фати паника. Почнавме да „гугламе“ лажни пениси и да бараме начин како да го поминам тестот – ексклузивно објавува магазинот „Пипл“, дел од мемоарите на Одом.

„Откако го набавивме лажниот пенис, мојот личен тренер, ја стави својата урина и успеав да го „поминам“ допинг тестот“, зборува Одом.

Ламар Одом не успеа да се закити со златниот медал на ОИ во Атина, туку репрезентацијата на САД ја освои бронзата, додека дрим тимот мораше да се задоволи со третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот