Одобрено објавувањето на книгата на Болтон од страна на Сојузниот суд во САД

Сојузен суд во САД денеска донесе одлука дека може да се објави книгата на поранешниот американски советник за безбедност Џон Болтон, и покрај обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја блокира, поради загриженост дека јавноста ќе има пристап до доверливи информации.

Одлуката на окружниот судија Ројс Ламберт претставува победа за Болтон во случајот во кој се спротивставија правата од Првиот амандман на американскиот Устав и загриженоста за безбедноста, оценуваат американските медиуми.

Пресудата значи дека во изборна година ќе бидат објавени мемоари во кои Болтон не дава позитивна слика за надворешната политика на Трамп во текот на турбулентната година и половина, колку што тој беше советник за национална безбедност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот