Одобрени средства за два проекти од интерес на Националниот парк „Галичица”

Национален парк Галичица/ Фото: МИА

Со финансиска поддршка на Фондот за природа „Prespa Ohrid Nature Trust” и „Critical Ecosystem Partnership Fund”, Националниот парк „Галичица” ќе реализира два проекти. Станува збор за проектите „Leave no trace” и Проект за развој на истражувања на пештерите и за заштита на лилјаците во рамки на Националниот парк.

Активностите ќе ги спроведуваат невладините организации „Explorer MK”, Истражувачко Друштво „Урсус Спелеос”, „Eco – Logic” и Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

Покрај парафирањето на проектните предлози, потпишан е и амандман помеѓу ПОНТ и Jавната установа НП Галичица за 2021 година за дополнителен грант за покривање на оперативните трошоци на установата.

Извор: МИА

Видео на денот