Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании во висина од 1,26 милиони евра

Најдоцна до крајот на неделата, се вели во соопштението, Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

Владата на денешната 38-ма седница  ја задолжи Развојната банка  да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

-Од овие 136 компании-апликанти, 96 отсто се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија Ковид1 примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1, односно од Кредитната линија од Посебниоткредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, соопшти владината прес-служба.

Прочитајте и...  Трамп најави повлекување на американските војници од Авганистан

Најдоцна до крајот на неделата, се вели во соопштението, Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

Претходно на седницата, министрите ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.

Владата денеска дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост за време на полицискиот час. За нив нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Прочитајте и...  Антикорупциска бара вонреден инспекциски надзор за евентуелен судир на интереси за изборот на ректор на УК0ИМ

-Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во истите временски периоди, велат од Владата.

На  владината седница е донесена и Уредба со која заради прогласената вонредна состојба во државата се наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, вклучително и полицајците – приправници. Со оваа Уредба се врши прецизирање на периодот кога полицаецот-приправник ќе го полага посебниот односно приправничкиот испит и се утврдува дека испитот ќе се спроведе по завршувањето на вонредната состојба, а со цел овозможување редовно функционирање на државата и заштита на јавното здравје, а воедно спречување на ширење на вирусот корона (КОВИД-19).

Прочитајте и...  Апелација расправа за жалбите за пресудите од 27 април, одбраната бара изземање на судиите

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

ВО ЖИВО: Следете го историското полетување, НАСА и Спејсикс испраќаат астронаути во вселената

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат