Одобрени грантови за Западен Балкан

западен балкан
Западен Балкан, знамиња / Фото: Слободен печат, архива

Проектот е со вредност од 8,2 милиони евра, го финансира ЕУ и со него ќе бидат опфатени дигиталниот, еколошкиот и социјалниот сектор.

Инвестициската рамка за Западен Балкан го прифати финансирањето на осум проекти за овозможување техничка помош на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, соопшти денеска Советот за регионална соработка.

Проектот е со вредност од 8,2 милиони евра, го финансира ЕУ и со него ќе бидат опфатени дигиталниот, еколошкиот и социјалниот сектор.

Од осумте проекти два се поврзани со социјалниот и еколошкиот сектор на Србија во вредност од 5,97 милиони евра, три се врзани со Албанија и се однесуваат на дигиталната инфраструктура, а нивната вредност изнесува 0,85 милиони евра, два проекти се поврзани со Босна и Херцеговина, од кои едниот се однесува на еколошкиот сектор а другиот на социјалниот сектор со одобрени 1,4 милиони евра, а еден проект од дигиталниот сектор е поврзан со Косово и за него е предвиден грант од 0,35 милиони евра.

Широкопојасен атлас, паметни градови, паметни села, доготално поврзување и компјутерска инфраструктира со високи перформанси се областите во кои се одобрени проекти од дигиталниот сектор.

Советот ги поздрави и останатите одобрени грантови за проекти од еколошкиот и социјалниот сектор, каде исто така неопходни се значителни подобрувања.

Дигиталната интеграција на Западен Балкан е еден од приоритетите на Повеќегодишниот акциски план за Регионалниот економски простор за периодот од 2021 до 2024 година.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот