Одобрени 13 нови одбранбени проекти на Европската Унија

Владите на земјите-членки на Европска Унија денеска одобрија 13 нови одбранбени проекти, со цел да се развие што поголема независност од САД.

Според плановите на министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, ќе почне да се работи на нов патролен брод, електронско оружје за попречување на леталата и технологија за следење на балистички ракети.

Во тек е изработка на околу 47 заеднички одбранбени проекти на ЕУ откако Франција, Германија и 23 влади на земји-членки на ЕУ кон крајот на 2017 година потпишаа пакт за финансирање, развој и распоредување на вооружени сили по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата.

Иако 22 земји-членки на ЕУ се и во НАТО, Унијата се надева дека до 2021 година ќе покрене фонд за вооружување вреден повеќе милијарди евра, наменет за дизајнирање и производство на нови тенкови, бродови и технологија.

Европското одбранбено планирање, операции и развој на оружје предвидува Франција да преземе голема улога – 60 проценти од вкупно 47 проекти, често заедно со Германија, Италија и Шпанија.

Предвидено е Франција и Италија да развиваат прототип воен брод, познат како Европска патролна корвета.

Франција, Португалија, Шпанија и Шведска исто така имаат за цел да испорачаат нов противподморнички систем за заштита на морските патишта и комуникации.

Франција веќе го предводи производството на нови европски хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот