Одобрена годишната Програма за изградба и реконструкција на патишта: Четири милијарди денари повеќе за инвестиции во споредба со лани

Фото: МИА

Членовите на Владата на денешната седница ја одобрија Годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година која во делот на инвестициите ќе има буџет повисок за 4.000.000.000 милијарди денари во однос на лани, соопшти владината прес-служба.

Владата на 41 седница го утврди и текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кој, меѓу другото, се врши усогласување со законодавството на Европската Унија (ЕУ) во насока на обезбедување на механизми и услови за одржување на високо ниво на безбедност и стабилност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата и во ЕУ, преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност помеѓу земјите-членки.

Освен усогласувањето со европската директива, со предложените измени се врши усогласување и со домашната легислатива како неопходен услов за ефикасна и непречена имплементација на прописите во пракса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот