Одобрена атлетската манифестација „Охрид трчаТ“

фото: ohridtrcat.mk

Организаторите соопштуваат дека и официјално натпреварувачите ќе трчаат на 30 август. Потврдени и одобрени се протоколите и мерките од страна на комисијата за заразни болести и на таков начин се создадоа услови и официјално да се одржи овогодинешното издание на „Охрид трчаТ“.

Бројот на учесници е лимитиран и тоа 250 учесници за полумаратонот и 250 за трката на 5км така што максимален број на учесници е 500.

фото: ohridtrcat.mk

Во овој момент има уште 170 места за на 21км и 105 за на трката на 5км. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе си имаат ексклузивно право да си имаат име и презиме на стартниот број.

Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество.

Преку веб страната www.ohridtrcat.mk и социјалните мрежи организаторите исто така ќе информираат околу протоколите, мерките, подигнувањето на стартните пакети, патеката за движење на денот на трките и сè останато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот