Одобрен кредит за распишување тендер за увоз на гориво во Либан

Либанското министерство за енергетика денеска објави дека добило одобрение од централната банка за заем во износ од 100 милиони долари.

Кредитот е земен за распишување тендер за увоз на гориво за производство на електрична енергија.

Министерството во соопштението наведува дека електричната мрежа во земјата ги снабдува потрошувачите со иста количина електрична енергија како и пред вчерашниот целосен прекин на електричната енергија.

Либанската електрична мрежа вчера беше целосно исклучена, откако двете главни електрани останаа без гориво.

Електраните Демир Амар и Ал Захрани престанаа со работа откако се потрошија залихите на дизел и производството на енергија падна под 200 мегавати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот