Односите на Корејскиот Полуостров се смируваат: Сеул се задоволни со потегот на Пјонгјанг (ВИДЕО)

Функционер од министерството за обединување во Јужна Кореја ја оцени како позитивен знак неодамнешната одлука на севернокорејскиот претседател да ги запре плановите за воена акција против Сеул, во надеж дека овој потег би можел да означи почеток на намалување на тензиите и подобрување на односите меѓу двата соседи.

Ким Џонг-ун одржал прелиминарен состанок со Централниот воен комитет на Комунистичката партија во вторникот, кога донел одлука да ги повлече плановите за воени акции против Јужна Кореја, пренела агенцијата Јонхап.

Оваа одлука предизвика изненадување, со оглед на тоа дека Пјонгјанг вети дека ќе се освети на Сеул заради испраќање на пропагандни летоци преку границата и дека ќе преземе низа чекори за таа цел, вклучувајќи и воена акција.

Функционерот кој сакал да остане анонимен, го оценил потегот на Пјонгјанг како позитивен знак и рекол дека Сеул се надева дека двете земји ќе можат да ги поправат своите односи и дека прашањата кои предизвикуваат двострана загриженост можат да се решаваат преку дијалог.

Неколку часови откако Пјонгјанг ја објави својата одлука, војската ги отстрани некои од звучниците кои претходно беа поставени на границата со цел пуштање на пропагандни пораки, а медиумите ги повлекле текстовите каде е критикувана Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот