Одмор за душата и телото, одличен избор за годишниот одмор оваа година – Anantara Chiang Mai Resort (ФОТО)

Топло ви препорачуваме оваа година за време на годишниот одмор да го посетите Anantara Chiang Mai Resort, кој се наоѓа во северниот дел од Тајланд и дефинитивно ќе ве наведе да сакате да останете тука до крајот на животот.

Сместен во близина на брегот на реката Мае Пинг, со својата спектакуларна локација веднаш ќе ви се вовлече под кожа.
Излежувањето во удобниот кревет со часови или пак уживањето во утринското кафе на приватниот балкон на совршен начин ќе ве подготви за еден незаборавен ден во рајот, а и релаксирањето во ложата на лобито на ова одморлалиште ќе ве доведе во вистинско расположение за опуштање.

Нудејќи ни фантастична мешавина од традиционалниот тајландски и шармантниот колонијален стил, ова одморалиште со своите гости ќе ви посака добредојде во 52 супериорни соби и 32 луксузни апартмани, со елегантен мебел и префинети погодности.

Тука е прекрасниот Bar & Cigar, префинетиот Anantara Spa центар, кул фитнес центарот кој ви дава дополнитлена можност за уживање во часовите јога.

Во самата околина на одморалиштето постојат многу прекрасни нешта и активности кои чекаат на вас, ако се одлучите да излезете надвор од овој рај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот