Одмерувањето на силите започна: Џонсон претстави стратегија која воопшто нема да ѝ се допадне на ЕУ

Фото: ЕПА

Разговорите по спроведување на Брегзит, кои ќе го одредат идниот однос на Велика Британија и Европската Унија започнуваат следната недела, а кралството денес го претстави својот преговарачки план за новиот трговски договор, пренесува српски „Блиц“.

Како што и беше очекувано, владата на Борис Џонсон претстави многу остра стратегија и не се воздржа на Брисел да му стави до знаење дека во секој момент се подготвени да се откажат од преговорите и да го напуштат блокот на „тврд“ начин.

Пораката на Лондон претставена во една реченица би гласела: „Имате четири месеци со нас да дојдете до договор, после тоа си одиме со договор или без него“.

Од преговарачкиот план може да се заклучи и дека Џонсон потполно се откажал од идејата за „рамноправен“ договор и има тенденција да направи договор каков што ЕУ има со Австралија и Канада. Проблемот се состои во тоа што ЕУ таа идеја веќе одлучно ја отфрли.

Британија најави дека сака правно обрзувачки гаранции за пристапот на финансискиот пазар на ЕУ, со кој сака да спречи Лондон како најголем финансиски центар да биде исклучен од лукративните сектори како што се банкарството, осигурувањето и управувањето со имот.

Трговскиот договор со ЕУ на Британија би и понудил предвидливи и транспарентни работни рамки со најголемиот трговски блок на светот, но Лондон јасно даде до знаење дека тој мора се темели на „доброволна соработка“, пишува „Еурактив“.

Одмерувањето на силите на двете страни веќе започна, „војната на зборови“ е во тек.

Што Британија сака од ЕУ?

Џонсон цели на радикално различен аранжман од своите претходници. Додека Тереза Меј беше подготвена да ја задржи земјата во орбитата на ЕУ за да ја зачува лесната трговија, императив на нејзиниот наследник е Британија да обезбеди максимална слобода за да ја одреди својата политика.

Британија сака „сеопфатен договор за слободна трговија“, кој ги отстранува поголемиот дел од царините и кој не ја обрврзува земјата да се придржува кон правилата на ЕУ.

Освен трговијата, Џонсон предвидува низа на одвоени договори кои го покриваат рибарството, безбедноста, воздухопловството, нуклеарната соработка и други области.

Британија, исто така, ја исклучи идејата за продолжување на преодниот период кој ќе трае до 31 декември и вели дека е подготвена на крајот на тој период да се повлече без договор.

Што е ЕУ подготвена да прифати?

Иако пропагира што е можно поблиско партнерство со Британија, ЕУ нагласува дека таа не може да ги има истите права и бенефиции како што имаше додека беше членка во блокот.

На врвот на листата на загрижености на ЕУ е како да се осигура дека Британија ќе се обврзе на „рамноправни услови“ за широк спектар на прашања, како би се осигурало дека конкуренцијата ќе биде фер и како би се заштитиле стандардите. Меѓутоа, Британија на таа рамноправност гледа малку поразлично.

Брисел ѝ нуди на Британија потполн пристап до единствениот пазар на ЕУ, но под еден услов. За да добие „нулта царини“, карлството мора да се обврзе на „нулта дампинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот