Одмаздата се служи ладна: Бившиот ме остави за кариера, сега излегувам со неговиот шеф

Полина Ниоли
Полина Ниоли / Фото: Принтскрин/ТикТок/Инстаграм

Милионерката Полина Ниоли објави видео во кое вели дека нејзиното момче ја оставило за да може да ѝ се посвети на кариерата. Сега излегува со неговиот шеф.

26 годишната руска актерка, филмска продуцентка и блогерка, со жестока одмазна си го излечила скршеното срце. Во нејзината неодамнешна објава на платформата „ТикТок“, таа откри како му се одмаздила на своето поранешно момче кое решило да стави крај на нивната врска да има повеќе време да се фокусира на својата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Nioly Pushkareva (@nioly)

Во видеото се гледа Паулина во краток црн фустан, розева чанта и сребрени високи потпетици како се спушта по скалите. Во видеото пишува. „Тој раскина со тебе затоа што сакал да се фокусира на својата кариера, а ти сега се забавуваш со сопственикот на фирмата каде што работи“.

„Одмаздата треба да се сервира ладна“, порача Полина.

 

@polina.nioly♬ original sound – Lethilda

По објавата, видеото е прегледано 1,2 милиони пати и има над 1.500 коментари, од кои некои се многу интересни.

„Потег на фраерка“, „Тој не сакал да вложи труд во неа и својата кариера, па си нашла некој што ќе го направи тоа. Така и треба“. „Моќен потег“, „Ти си ми инспирација“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Nioly Pushkareva (@nioly)

Сепак, не сите беа толку „ентузијасти“ за одмаздничката тактика на Полина.

„Всушност го почитувам за неговата одлука“, „Драго ми е што продолжил понатаму со животот, ќе најде некој кој ќе го цени“, се дел од останатите коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Nioly Pushkareva (@nioly)

Некои пак, прашаа дали тактиката во суштина е прикриен начин да се најде богат партнер , на што Полина одговори:

„Драги мои, имам милиони и компанија со повеќе од сто вработени. Дали мислите дека треба да излегувам со некој што е полош од мене? Не, благодарам“.

„Барем функционира. Не гледам ништо лошо во тоа што се случило. Луѓето немаат обврска да останат во врска која не им одговара. Се ставила себеси на прво место“, коментираше друг следбеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот