Одлуки од владината седница: Донесени решенија за Еурокопмозит, МВР ќе прави план за ветинг на вработените

Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров.

Ова е една од одлуките донесени на денешната 148-ма седница на Владата на Република Северна Македонија, што се одржа денеска.

Владата ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје, како и Информацијата за започнување на реализацијатана новиот Универзитетски Клинички центар.

Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA. На седницата е констатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава. На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата.

На владината седница е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје, којшто треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги за населението во целата држава.

Донесени се уште две одлуки од областа на здравството на денешната владина седница.

Владата ја усвои Предлог – уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи, со што, како што е објаснето од Министерството за здравство, се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации коишто можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности на фондот, а при тоа, се задржуваат критериумите за квалитет. Целта е надминување на проблемот со недостигот на лекови, поради можноста што ќе им се

даде на аптеките коишто досега немаа договор со Фондот за здравствено осигурување, да склучат таков договор. Исто така, целта е да се мотивираат младите лекари да отвораат свои специјалистички ординации, коишто ќе имаат склучени договори со ФЗО, што досега не беше можно.

Владата ја усвои и Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за потребите на специјалистички и субспецијалистички кадри, согласно мрежата на здравствени установи, со што се зголемува бројот на одобрени специјализации во државата.

Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, а којашто се однесува на првиот квартал од 2019 година. Задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да доставува до Владата информации за извршените контроли за квалитетот на детските играчки, како и Инспекторатот да спроведе вонредна масовна контрола за квалитетот на играчки коишто се продаваат на територијата на нашата држава.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба и опремување детска градинка во општина Илинден. Со оглед дека се потребни средства за доизградба на градинката, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, во Буџетот за 2020 година да предвиди финансиски средства во износ од 6.082.003,00 71FH8QA? денари за машински инсталации и набавка, испорака и монтажа на опрема за градинката, со што ќе се овозможи нејзина функционалност за потребите на децата во општината.

Владата ја разгледа и Информацијата за финансиска поддршка и финансиски средства за санирање штети на училишни згради во Oпштина Ресен, причинети од невремето на 10 јули оваа година, при што е задолжено Министерството за образование да направи санирање и обештетување на штетите на училишните објекти поради невремето, од средства од сопствени програми.

На владината седница беше усвоен и предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп.

На владината седница е донесена Предлог – програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, во којашто се предвидени мерки за поддршка на земјоделството и за обештетувања. Станува збор за поддршка на доходот за земјоделските стопанства, директни плаќања за растително и за сточарско производство, како и за државна помош на земјоделството за премии и осигурување, за заштита на земјоделско земјиште, за помош во сточарскиот сектор, за финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство од род од 2019 година, за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, дополнителна помош за продадено-неисплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, заостанати обврски по мерки од програмите за финансиска поддршка на земјоделството од 2009 – 2018 година.

Донесена е и Предлог програма за капитални субвенции за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот