Одлуката за својата иднина, Меси ќе ја донесе по крајот на сезоната

epa09066476 Barcelona's Lionel Messi celebrates after scoring the equalizing goal during the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match between PSG and FC Barcelona at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 10 March 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Со враќањето на Жоан Лапорта на претседателската функција во Барселона се сменија многу работи, а но неизвесноста околу иднината на најдобриот фудбалер во историјата на клубот ќе биде се уште ќе биде присутна.
Иако минатото лето Меси јавно побара да му биде дозволено да си замине од Барселона и да се пресели во Манчестер сити или ПСЖ, тогашниот претседател влезе во војна со Аргентинецот која ја изгуби, но не му ја исполни желбата.
Хосеп Марија Бартомеу си поднесе оставка кон крајот на минатата година, но Меси остана на „Камп Ноу“, а сега фановите се надеваат дека Лапорта ќе успее да го натера да потпише нов договор.
Но, како што пренесува ЕСПН, Лионел Меси конечната одлука ќе ја објави по завршување на сезоната. Според телевизијата, Аргентинецот на овој чекор се одлучил бидејќи сака да види што ќе направи Лапорта на трансфер пазарот, посебно со слободните фудбалери. Засега се шпекулира дека доаѓањето на Вајналдум од Ливерпул е завршена работа, но за Меси е поважно дали на „Камп Ноу“ ќе пристигнат Давид Алаба и Серхио Агуеро. Доколку Лапорта ги договори сите тројца фудбалери, за очекување е Меси да остане во Барселона.
Но, исто така ЕСПН смета дека Меси сега ужива во играта, за разлика од почекот на сезоната, а тоа се гледа и по неговиот учинок. На последните 10 натпревари, Аргентинецот постигна 12 гола, а Барселона заостанува само четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот