Одлуката за НБА можеби во јуни, без навивачи до 2021 година!

twitter/Chicago Sun-Times

Во случај на враќање, играчите ќе бидат тестирани секој ден за коронавирус, а доколку има некои позитивни, сезоната нема да запре повторно.

Генералниот секретар на НБА го објави планот за продолжување на најсилната кошаркарска лига на светот, пренесуваат медиумите во САД.

Поради пандемијата на коронавирус, според Адам Силвер навивачите во салите на НБА екипите би се вратиле дури во 2021 година.

Во случај на враќање, играчите ќе бидат тестирани секој ден за коронавирус, а доколку има некои позитивни, сезоната нема да запре повторно. Ова самиот Силвер го кажал во синоќешниот разговор со Здружението на играчи.

Одлуката околу оваа сезона во НБА лигата можеби ќе биде донесена дури во јуни. 40 проценти профит во лигата доаѓа од навивачите во салите, а без публика екипите би биле во голема финансиска загуба.

Колективниот договор меѓу лигата и играчите ќе мора да се ревидира, бидејќи не беше направен со оглед на околностите на пандемијата. Различни држави во САД имаат различни прописи во врска со пандемијата, крајот на лигата би требало да се организира на едно или две места, а кандидатите за тоа се Орландо и Лас Вегас. Лигата и натаму се надева дека ќе организира комплетен плеј-оф во кој ќе се игра цела серија до четири победи.

Сопствениците на секоја од 30 НБА екипи работат на продолжување на сезоната. Пред продолжувањето на лигата, ќе треба да се организираат подготовки кои ќе траат најмалку три недели – рече Силвер.

НБА лигата е прекината на 11 март кога Руди Гобер беше првиот кошаркар во НБА кој имаше позитивен тест на коронавирус.

До прекинот на сезоната лидер во Западната конференција беше Лос Анџелес Лејкерс, а на Истокот водеше Милвоки Бакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот