Одлуката паѓа до Нова година, пет имиња во игра за наследник на Вујовиќ

Михајловски се раздели во Вујовиќ по серијата слаби резултати на Вардар/ Фото: слободен печат

Управата на актуелниот ракометен шампион РК Вардар 1961, на чело со претседателот и сопственик, Михајло Михајловски е во интензивна потрага по нов тренер откако се раздели со Веселин Вујовиќ и неговиот наследник ќе биде познат околу Нова година.

Екипата до пристигнувањето на новиот тренер, ќе ја предводи Владо Недановски кој беше дел од стручниот штаб на Вујовиќ, а наредниот период Михајловски ќе го искористи за да разговара со потенцијалните тренери. Досега пет тренерски имиња се во конкуренција за наследник на Вујовиќ, а конечната одлука ќе биде донесена до крајот на декември. Веќе почна да се шпекулира со потенцијалните решенија за клупата на Вардар, се споменуваат имиња како Давид Дејвис, Урош Зорман, но Михајловски засега не споменува имиња.

– Во наредниот период екипата ќе ја предводи Недановски, тој ќе седи на клупата на Вардар и во дербито со Еурофарм Пелистер. Што се однесува до новиот тренер, вестите брзо се шират и веќе ни се понудени пет тренерски имиња, но нема да брзам со конечната одлука. Ќе следат разговори со сите потенцијални тренери на Вардар по што конечната одлука треба да ја донесам до крајот на Нова година – ни изјави Михајловски.

Вардар и Вујовиќ се разделија по поразот од ППД Загреб (23:22) во Лигата на шампионите, што беше вкупно седми неуспех по ред за „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот